Возачите кои влегуваат на паркингот на Комуналец кај старата нама деновиве, ги збунува рампата која е облепена со полициска лента. Вработените на паркингот ни објаснија дека лентата „Стоп полиција“ била залепена на рампата за потребите на филмот во турско македонска копродукција кој деновиве се снима на локалцијата кај стариот чинар.
Лентата ја ставија филмаџиите пред неколку дена кога снимаа сцена тука на паркингот и така остана, ни рече помалку во шега вработениот на паркингот. Со или без полициска лента за да се подигне рампата на паркингот сеуште мора да платите 50 денари.