212Развојот на Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“, добива нова димензија. Од денеска информациите за услугите на „Д-р Баткоски“ ќе бидат достапни на нов веб сајт, креиран на “user friendly” платформа, достапен и функционален на сите уреди. На модерно изработениот веб сајт на „Д-р Баткоски“ посетителите ќе можат да се информираат и за новите услуги, како и за материјалите кои се употребуваат во докторската пракса, а кои се последен збор во стоматологијата.

Неодамна, Стоматолошкиот центар Др. Баткоски, склучи договор за соработка со американско-израелскиот бренд за високо-софистициран уникатен и иновативен имплантен систем „Дитрон“. Tехнологијатa со молекуларна прецизност и маргина на грешка нула, потврдена со софистицирани мерења изведени со најчувствителна апаратура во лабораториите на НАСА, Пентагон и Боинг, сега е во функција на оралното здравје и кај нас.

Бенефитите од Дитрон имплантите, не само што се корисни за самите пациенти, туку ги отвораат вратите и кон останатите стоматолошки центри и стоматолози. Сите заинтересирани стоматолози кои сакаат да бидат обучени за овие техники и како да ги применат во нивната ординација, сега можат тоа да го направат во стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“.

Покрај класичната ортодонција, новитет се и проѕирните мобилни протези „Dr. Batkoski Clear Aligners“. Овие протези се толку софистицирани, што имаат бројни предност во однос на класичната ортодонција, мобилни се и можат да се вадат, а при тоа се лесни и невидливи за носење. Крајниот резултат се прави заби и широка насмевка. „Д-р Баткоски“ врши обука на доктори и за оваа услуга.

Денталниот туризам е препознатлив белег на стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“, кој ја прошири работата и во Италија. Групи на пациенти од оваа земја се почесто доаѓаат за да ги решат своите стоматолошки проблеми, доверувајќи ја добербата на стручниот тим на „Д-р Баткоски“, а воедно и да ги видат убавините на градот Охрид.

На новиот веб сајт на „Д-р Баткоски“, посетителите ќе можат онлајн да се информираат и практично за бенефитите од одредени услуги со следење на третмани пред и потоа, како и од видео пораките вна пациентите. Преку контакт менито, во работно време ќе можат и да го контактираат тимот на „Д-р Баткоски“, да закажат термин или да се добијат бесплатни консултации. На новата веб страница има и каталог со достапни услуги.

Тимот на „Д-р Баткоски“, ги следи модерните текови и потребите на пациентите, со врвна услуга и примена на  најсовремена технологија, која креира блескава насмевка.

OhridNews