Искуство, професионализам и општествена одговорност, преточени во бројни заеднички проекти, се заштитен знак на соработката на Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“ и аптеки „Виа Фарм“, кои веќе девет години заеднички се грижат за здравјето на граѓаните во Охридско-струшкиот регион.

Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“ постои од 2003. На 28 јануари 2012 година, пак, започна да се гради заедничката успешна приказна со „Виа Фарм“ аптеки.

Модернaта опрема и медицинска апаратура од најновата генерација, го издвојуваат стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“ од конкуренцијата. Тој е првиот сертифициран и лиценциран центар за импланти кој може да се пофали и со соработката со Дитрон Интернационал. За таа цел овој центар има специјална современа орално хируршка и имплантолошка сала која ги задоволува светските стандарди за ергономичност, функционалност и стерилност и соодветен кадар кој е обучен за работа со Дитрон импланти. Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“ предничи во развојот на денталниот туризам, не само во регионот, туку и во земјата воопшто.

Аптеки „Виа Фарм“, пак, се лидери во Охридско-струшкиот регион во областа на фармацијата, но и повеќе од тоа. Компанијата ги следи современите текови, па така неодамна од печат излезе 19 број на специјализираниот магазин за здравје и современ живот „Наше здравје“ во издание на аптеки „Виа Фарм“, што се реализира во соработка со стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“. Ланецот аптеки „Виа Фарм“ неодамна се прошири и е побогат за уште една нова и модерна аптека во Охрид, Виа Фарм 13 на улицата „АСНОМ“, а во функција е и виртуелната аптека како новост, до која може да се пристапи онлајн и да се нарачате посакуваниот производ. Доставата за Охрид, Струга и Вевчани е бесплатна.

Менаџерските тимови на Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“ и „Виа Фарм“ аптеки, кои успешно соработуваат веќе девет години, најавуваат нови заеднички проекти и во иднина, во функција на подобро здравје на клиентите и воопшто на граѓаните од регионот.

OhridNews