Во рамките кампањата  “Секогаш, превентивните мерки и акции даваат најдобри резултати за здравјето на забите“, д-р Вера Наумоска од Одделот за детска и превентивна стоматологија при Здравствен дом Охрид  одржа  предавање на тема  превенција на болестите на забите кај младите.


д-р Вера Наумоска

Целта е со овие предавања на децата уште од најрана возраст  да им се створи навика како правилно да ги заштитат забите.
 
Покрај предавања се вршат и стоматолошки прегледи, а резултатите за оралното здравје на децата од неодамна  писмено им се испраќаат на нивните родители.


подобро да се спречи отколку да се лечи

Предавањата се дел проектот за континуирана забоздравсртвена едукација на учениците од основните  и средни училишта од општините Охрид и Дебрца, со кој ќе бидат опфатени 6000 млади лица и се дел од активностите со кои Црвениот крст Охрид ја одбележува неделата на забоздавствена заштита