На годишнината од страотниот масакр на островот Утоја, норвешкиот премиер Јенс Столтерберг  изјави дека екстремистот Андерс Бехринг Брејвик, кој уби 77 лица во својата „мисија“, не успеал во неговата намера да го промени норвешкото општество.
 
„Бомбата и куршумите требаа да го промената норвешкото општество. Норвешкиот народ одговори така што уште поцврсто застана во одбраната на нашите вредности. Убиецот изгуби, народот победи”, изјави норвешкиот премиер Јен Столтенберг на одбележувањето на годишнината од големиот масакр.

Андерс Бехринг Брејвик на 22-ри јули 2011 година активираше бомба во центарот на главниот град Осло, пред комплексот владини згради, каде што е и седиштето на норвешкиот премиер, по што стрелаше врз учесниците на младинскиот камп на владејачката норвешка лабуристичка партија на островот Утoја, убивајќи 77 лица.
Станува збор за едно од најтешките злосторства сторени во Норвешка по Втората светска војна, поради што Норвежаните организираа низа настани посветени на жртвите од масакрот.
Вечерва во недела навечер во Осло ќе се одржи комеморативен концерт во организација на норвешките уметници, на кој како што е најавено ќе настапи и американската музичка ѕвезда Брус Спрингстин.
OhridNews
извор:„Макфакс“