Дрвената столица на која седела британската писателка Џоана Роулинг и ги напишала првите томови од приказната за популарниот волшебник Хари Потер продадена е за 394 илјади долари на аукција одржана во Њујорк, соопшти аукциската куќа Херитејџ. Столицата направена од даб во далечната 1930 година првобитно била проценета на 65 илјади долари.

 

Џоана Роулинг, која првите томови за Хари Потер ги пишувала претежно во кафе барови, дома седела токму на таа столица додека ги пишувала „Хари Потер и Каменот на мудроста“ во 1997 и „Хари Потер и одајата на тајните“ во 1998 година. Сагата за волшебникот е преведена на 67 јазици и продадена во огромен број примероци. Писателката, чии книги се екранизирани, стана мултимилионерка.