Специјално за посетата на Папата Франциск на Македонија, на барање на Ватикан, изработени се две дрвени столици. Како што објави „Телма“, столиците ги изработила специјализираната работилница „Монозеро“ од околината на Скопје од ореово дрво од Охридскиот регион старo помеѓу 120 и 130 години. Дрвената папска столица целосно е изработена од природен материјал и е премачкана само со масло.

По завршување на посетата на Папата, столиците на кои седеше поглаварот на Римокатоличката црква, изработени од стар орев од охридско, ќе останат во Македонија во сопственост на католичката црква.

OhridNews