Сосема не очекувани проблеми за селекторот Мирсад Јонуз кој на два дена пред мечот со Ирска поради повреда го загуби Стојков, а под знак прашалник е настапот на офанзивиот Попов. На полвина пат од Полска и Украниа, Македонија се наоѓа на петта позиција со четири освоени бода од пет меча.


–    Се наоѓаме на  половина од квалифкацискиот циклус,  мечот со Ирска е битен како за нас така и за нив  и нема што да се тактизира бодовите им се потребни на двете селекции. На подготовките во Охрид  успеавме да направиме индивидуална прогрма за сите репрезентативци. Сепак концептот е нарушен со повредата на Фетаи кој што требаше да значително да ја подобри нашата игра, а дополнителн проблем се појави со повредата на Стојков кој што по денешниот тренинг е ослободен од обврските – рече селекторот Јонуз.


Под знак прашање е настапот на Горан Попов кој во Охрид  допатува повреден и во овие неколку дена ќе прима терапија, на денешниот тренинг ќе се обиде да се придружи на групата а ќе се прават максимални напори за да се оспособи за мечот во сабота. Селекторот сепак има алтренатива за бочната позција.


–    Под  будно око е и Горан Попов кој допатува повреден, долку не биде во комбинација ќе се соочиме со проблем кој дополнително ќе треба да го решиме.  Нема да кријам во еден момент може да добие шанса и младиот Ристески, кој има потенцијал. 4-5 фудбалери не се повикани, но не се воопшто отпишани, тоа е знак уште повеќе и повеќе да работат. Се надевам дека во иднина ќе излезат подобри кадри, никој не е вечен , па ни јас, вели македонскиот селектор.
М.П.