Се комплетираше македонската експедиција во Охрид, вчера на попладневниот тренинг присутни  беа и Пандев и Ристиќ. Се кова победничката стратегија, а според она што го видовме на тренингот испразнетото место во средниот ред по повредите на Митрески и Јанчевски ќе го завземе Тасески. 

Одличната форма во која се наоѓа Стојков го става во преден план пред Мазнов, па се очекува тој да му прави друштво во нападот на Наумоски. Стојков со респект говори за израелската репрезентација: 

– Ги респектираме Израелците кои имаат одлична репрезентација, не` очекува доста тежок натпревар, но ние ќе ја играме нашата игра која ќе ни даде поволен резултат.

Нашата репрезентација сеуште нема постигнато гол во овие квалификацци на Градски, но Стојков се надева дека натпреварот против Израел е вистинска шанса за тоа и најавува офанзива од првиот свиреж на судијата .
 
Ќе тргнеме офанзивно и ќе се обидеме со ран погодок да го отвориме резултатот , очекувам отворен натпревар со многу погодоци – вели Стојков. Во одлична форма сум и со нетрпение го очекувам натпреварот, додава нашиот шпиц.
 
Поселедниот тренинг македонската репрезентација ќе го има денеска по што во попладневните часови се очекува тимот да замине во Скопје. По повредата на тренингот во понеделникот Васоски тренира одвоено, но се чекува до сабота се` да биде во ред.

Мирко Постолоски