Играч на одлука во финалето беше резервистот Никола Стојкоски , кој во вториот дел влезе од клупата и на два пати го матираше Ристевски.
– Таков беше договорот да влезам во вториот дел од натпреварот и кога фудбалерите на Охрид ќе се заморат да ја искористам мојата брзина. Оваа победа доаѓа како награда за сите залагања во текот на сезоната – рече стрелецот на двата погодоци Стојкоски.
Фудбалерите на Охрид Лоте по освоениот куп, на прагот се да изборат пласман во баражот за влез во втората лига.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com