Бугаринот Петар Стојчев по осми пат триумфираше на Охридскиот пливачки маратон, кој годинава се одржа по 23 пат.


Стојчев 30-километри долгата патека “Климе Савин“ ја мина за 5:25:38:26 часа. Втор на целта со 24 стотинки задоцнување пристигна германецот Александар Стуџински, а трет беше аргентинецот Дамијан Блаум.


Стојчев за кого ова беше 16 настап во Охрид, четврти пат во серија победува на маратонот.

Имав голема конкуренција во имињата на Стуџински и Балум и тешко е да се победи во ваква силна конкуренција. Оваа година за разлика од минатата темпото на трката беше побрзо за 50 минути, што е потврда за силната трка. Доколку пливам активно и понатаму ќе дојдам и догодина во Охрид, изјави победникот Стојчев.


Најдобар македонски пливач беше Томи Стефановски, кој маратонот го заврши како седмопласиран.


Во женска конкуренција, триумфираше италијанката Камила Фредијани (5:50:37), пред аргентинките Гељо Пиљар и Маринела Мендоса.


На целта ловоровиот венец на победниците им ги врачи покровителот на маратонот, претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов.

Ohridnews