Поранешниот кошаркар на охридскиот суперлигаш АМАК СП, Дамјан Стојановки не го криеше незадоволството по поразот од Црна Гора на стартот од Европското првенство во Словенија.
– Други фактори место кошаркарите го одлучија победникот на дуелот со Црна Гора. Свесни бевме дека ова е прв натпревар и затоа игравме многу нервозно на стартот од мечот што резултираше со многу лични грешки. Се беше како што треба се до крајот на мечот кога ја загубивме концетрација и со голема помош на судиите Црна Гора стигна до првите бодови во групата – рече Стојановски.
Со 19 поени Дамјан Стојановски беше втор на листата на стрелци зад Лестер Бо Мекклејб, кој поентираше 23 пати.
Мх.П.