Концептот на веронаука ќе продолжи, најави мионистерот за образование и наука Перо Стојановски во интервју за радио Слободна Европа. Тој не прецизира во која форма ќе биде тоа, но истакнува дека ќе бидат разгледани сите можности и искуствата од други држави во Европа каде се реализира веронауката.
– Над 70 отсто од учениците во петто одделение и нивните родители се произнесоа дека сакаат да ја изучуваат веронауката, што укажува на тоа дека овој концепт е вистинскиот и дека треба да продолжиме во таа насока, вели Стојановски.
Според него за да може да се имплементираат сите реформи во делот на основното и средното образование, несомнено е потребно изучувањето на веронауката. Запрашан дали се размислува за одредени уставни промени за дa реализира оваа идеја, министерот Стојановски истакнал дека сеуште е рано да се зборува за било што, но потенцирал дека концептот за веронаука ќе продолжи.