На репрезентативно деби зад името на Стојански останаа запишни два поени. Изминатиот период со А селекцијата, како и дебито против Бугарија Војдан го опишува како фантастични.
– Презадоволен сум што имам можност да работам во А селекцијата. Целиот овај период е едно големо искуство за мене – ни изјави Стојаноски. Не се оптеретувам со тоа дали ќе бидам меѓу 12-та кои ќе играат во квалификациите. Мое е да работам – вели кош-поентерот на охридскиот АМАК СП.
Пофални зборови за однесувањето на Војдан и новиот тренер на АМАК СП , помошник на Арсик во А селекцијата, Марјан Лазовски.
– Војдан одлично се вклопи во тимот. Пријатно сум изненаден сум што за ваков краток период успеа да се избори за место во тимот. – вели Лазовски.
– Момче на место е Војдан , вели помшникот на Лазовски, Марјан Бошале. Еден голем професионалец кој пред себе има блескава иднина.
Македонската кошаркарска репрезентација од денес ќе настапува на трофејот Македонија каде покрај наша селекција ќе настапат уште Турција, Романија и Црна Гора.