– Почитуован селектое, Ви се заблагодарувам на укажата доверба и повикот во националниот дрес. Голема благодарност до македонска ракометна публика и РФМ кои ми укажаа прилика да бидам дел од националниот тим и дел од македонската ракометна историја. Уверен сум дека заедно со тимот кој досега настапуваше ќе ја остварите посакуваната цел и пласман до Европското првенство во Данска. Сметам дека на оваа позиција лев бек треба да им се даде шанса на други помалади играчи кои играат во клубовите во и надвор од Македонија – стоеше во сооштението од Стојановиќ.
Искусниот лев бек на Светсткото првенство во Хрватска имаше конфликт со тогашниот селектор Илија Темелковски и се соочи со исфлање од репрезентацијата.
Пласманот на Македонија на ЕП е во рацете на Шпанија, која мора да ја совлада Португалија да ги одржи во живот шансите на “фалангата“. Потоа избраниците на селекторото Обрван мораат да триумфираат со Швајцарија во гости и повеќе од седум разлика против Португалија на домашен терен.