Гледачите на “Билјанини“ дојдоа да го видат Х.Турново и мајсториите на нивните фудбалери, но преставата која гостите им ја прикажаа не беше ни приближно до очекувањата. Домашните фудбалери беа далеку по расположени за игра, ги имаше насекаде на теренот, а резултат на таквата игра беше убедливата победа и пласман во наредната фаза.
– С
е надевавме на победа, но охриѓани покаажаа како се бранат боите на својот клубот, и им честтиам на пообедата која е повеќе од заслужена. Ние потфрливме во сите линии и поразот беше неминовен. За нас остануваат натпреварите во првенстовото, каде имаме доволно време да се отрезниме од овај шок до 13 -ти кога продолжува шампионатот– рече тренерот на Х.Турново Ацо Стојанов.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com