Македонската кошаркаска А селекција го освои турнирот “Тони Алексе”, кој викендов се одржа во Темишвар.
Македонија ги доби трите натпревари на кои настапи.
Во првото коло Македонија ја совлада Австрија со 91-66. Во второто беше поуспешна од Лајонс тимот од Вршац со 87-73. Во финалното трето коло совладана Романија со 77-70.
Војдан Стојаноски беше стандарден на овај тест турнир во Романија. На мечевите против Романија и Австрија Војдан постигна по седум поени.