Дамјан Стојаноски во второто финале пред охридската публика ја забележа втората победа. Првата беше во 2009 кога во дресот на АМАК СП го совлада Пелистер, а втората пет години подоцна со МЗТ Скопје.

– Го познавам и ми лежи теренот во Охрид, тука се чувствувам како дома. Публиката сеуште се сеќава на мене затоа ми е драго што сеќавањата им ги освежив со нова победа во Купот – рече Стојаноски.

Што се однесува до финалето, Стојаноски имаше пофални зборови за играта и борбеноста на екипите во текот на целиот натпревар.

– Финале како финале нема што да изгубиш и даваш се од себеси да го освоиш толку посакуваниот златен медал. Ние го направивме тоа по трет пат во серија и ја продолжуваме нашата доминација во македонската кошарка – додаде Стојаноски.

Мх.П.