Лидерот на „Достоинство“ Стојанче Ангелов, придружуванм од граѓани, и денеска мирно протестираше пред зградата на националниот сервис МРТВ, во обид да ги достави до уредништвото на медиумот снимките од таканаречените политички „бомби“ кои ги објави опозицијата.
Полицијата не дозволи незадоволните граѓани да влезат во телевизијата.
Ангелов најави дека ќе ја продолжи борбата за вистината на ненасилен начин, додавајќи дека ќе најде начин политичките „бомби“ да ги чујат граѓаните на Македонија. Тој рече дека ќе оди до местата каде што живеат најтврдокорните симпатизери на ВМРО ДПМНЕ и ќе им ги пушта аудио снимките и дека тие се умни луѓе и ќе сфатат за што се работи.
Пред насобраните луѓе зборуваа актерот Сашо Тасевски и професорката Синоличка Трпкова, кои ja критикуваа политиката на јавниот сервис, кој одбива да ги објави аудио записите на опозицијата.
OhridNews