Репрезентативниот пивот Стојанче Стоилов е суспендиран од клубот Вардар ПРО. Ракометарот на тренинг влегол во расправија со тренерот на “црвено црните“ Веселин Вујовиќ, кој автоматски го остранил од тренингот.

По консултација со управата експедицијата на Вардар ПРО без него патува на мечот со Магдебруг во првата рунда од ЕХФ Купот. Местото од “немирниот“ Стоилов ќе го заземе Гоце Ојлевски и Владо Недановски.

Мх.П.