Македонскиот репрепрезентивец и член на Вардар, Стојанче Стоилов ќе проба со посебна терапија да ја санира повредата на рамото која од теренот го оддалечи веќе неколку недели.
Ако двонеделната терапијата не вроди со плод пикерот на „црвено црните“ ќе мора да оди на операција која пак би го одаалечила од теренот најмалку три месеци.
– Следните две недели Стоилов ќе биде на посебна терапија, по што ќе се види дали и колкав напредок има во надминувањето на проблемите со рамото. Пивотменот Стојанче Стоилов има проблем со рамото. Тој доби препорака да работи под посебна терапија, и засега не се планира хируршка интервенција. Постојат добри индиции истиот проблем да биде надминат само со терапија и Стоилов ќе работи индивидуално под посебен надзор. Доколку постои подобрување Стоилов ќе биде прекомандуван во екипата и ќе му биде ставен на располагање на тренерот Раул Гонзалес. – соопшти клубот на официјалниот интернет сајт.
Отсуството негово најмногу ќе го осети македонската репрезентација која во јануари следната година ќе биде дел Европското првенство во Полска.
Вардар има два пивотмени во екипата Алем Тоскиќ и Мијајло Марсениќ додека „црвено жолтите“ ќе останат само со Пешевски и Маркоски кои моментално не се на рангот од Стоилов.
Ohridnews