Во дербито на петтата рунда од Лигата на шампиони Вардар пред своите гледачи претрпе несреќен и трагичен пораз од Веспрем 24-23.


„Црвено црните“ ја имаа победа во свои раце, но за една минутиа успеаја да испуштат и да им ја поклонат на унгарците.

– Ние мечот го изгубивме уште на почетокот кога направивме непромислени технички грешки во нападот. Им овозможувавме лесни голови додека ние прописно се мачевме за да стигниме до целта. Го загубивме првиот дуел за лидерската позиција, но има уште еден меч, кој ќе биде уште потежок од овој сега – рече пивотменот Стојанче Стоилов.

Разочарувањето по поразот во „Јане Сандаски“ не го криеше и стратегот на „црвено црните“ Раул Гонзалес Гутиерез, кој изјави – Не ја искористивме нашата шанса и потоа ни се случи катастрофа невидена до сега. Во второто полувреме одигравме далеку подобро него од првото и нам ни преостанува да работиме напорно и да гледаме кон другите предизвици.

Мх.П.