Повредата која ја заработи Стојанче Стоилов на дуелот Вардар – Хамбург во Лигата на Шампиони се покажа не сериозна, но доволна да ги прескокне подготовките на селекцијата во Охрид.
Пивотменот се повреди уште на стартот од осминафиналниот натпревар и веднаш беше пренесен во најблиската болница. За среќа не се работи за скинати туки истегнати лигаменти за кои треба одмор од недела дена.
На подготовките од селекцијата кои започнуваат вторник ќе недостасуваат Кирил Лазаров, Борко Ристовски, Стојанче Стоилов, а на таков пат е и крилото Гоце Георгиевски, кој се повреди на мечот Металург – Колдинг.
Мх.П.