Соиграчот на Кирил Лазаров во македонската репрезентација, Стојанче Стоилов имаше само пофални зборови за премиерниот ракометен камп на капитенот чиј домаќин е градот Охрид.


– Во мое време немаше кампови, но знам колку ми значеше кога некој од поискусните ракометари ќе ме подучи и ќе ми покаже нешто. Гледам дека овој камп е одлично организиран, масовен, а и стручниот тим е фантастичен, составен од стручњаци, бивши и сегашни ракометари. И за ракометот во нашата земја тоа е многу значајно и верувам дека во иднина ќе биде уште подобро. – рече Стоилов.


На кампот од Лазаров во Охрид има 150-ет учесници од целата држава, а за тренинзите се грижат стручни ракометни лица кои се гордост на македонскиот ракомет.

Фото : Емилио
Мх.П.