Вардар односно Металург обезбедија пласман во четвртфиналето во Лигата на Шампиони но повредите на Стојанче Стоилов и Гоце Георгиевски за момент ја тргнаа радоста од лицата на навивачите.
За среќа првичните прегледи покажуваат дека не се работи за посериозни повреди на двајцата ракометари и многу брзо ќе се вратат во своите екипи.
Повредата на пивотменот Стоилов изгледаше сериозно бидејќи од спортската арена во Хамбург беше изнесен на носилки, а Георгиевски по повредата ја напушти играта и не заигра уште еднаш.
По повредите здобиени на натпреварите од ЛШ виси доаѓањето на двајцата репрезентативци во Охрид на подготовките со селекцијата.
Мх.П.