Србија распиша тендер за автопат и овозможи експропријација и т.н. „брза трака“ за документи. Но, не и промена на закони спротивно на Устав, не изедначува на легалното со дивоградбите, нема газење врз археолошки локалитети, и секако не со пенали од над 100-тици милиони евра. И секако, со позната траса, со познат проект, без газење на законите за урбанизам и за градење. Ова денеска на прес конференција го истакна портпаролот на ВМРО ДПМНЕ Наум Стоилковски.

Автопат во Србија, 112 км, широк 30 метри, со 139 објекти на него, 84 моста, 26 надвозници, 3 подвозници, 10 раскрсници познати како петљи, по три одморалишта и паркинзи. Но и регулација на реката Морава и нејзините притоки, и изградба на телекомуникации по самиот автопат. Сето тоа, по 7 милиони евра по километар во Србија, а во договорот на Груби по 20 милиони евра за Македонија со многу помалку ставки. – рече Стоилковски.

Тој повтори дека за договорот потпишан од, како што кја нарече, крими владата на ДУИ и СДС, ќе се плаќаат пенали во вредност од 100-тици милиони евра.

Потпишаа договор без национален легитимитет и консензус, сега Груби вели ништо немало да ги спречи, а тоа ќе чини дополнителни 100-тици милиони евра затоа што проектот ќе се продолжел за уште две години, заради непроменети закони. – додаде тој.

Според Стоилковски, идната влада на ВМРО-ДПМНЕ по вака потпишан договор има две опции.

Првата, е да се раскине договорот, пред судот во Париз да се изгуби по прифатените закони на Англија и Велс. Тоа ќе чини стотици милиони евра штета, но без квадрат поставен асфалт. Втората, да се зачува суверенитетот, да се зачува Уставот и законите и автопатот да се заврши во рамки на македонските закони и македонските процедури! Така би се продолжило времето на изградба, но и сумата, заради катастрофалниот договор и обврските преземени од крими владата на ДУИ и помалиот партнер СДС. ВМРО-ДПМНЕ има план како сето тоа да го надомести, рече Стоилковски.

OhridNews