Стогодишнината од смртта на охридскиот револуционер Петар Чаулев ќе се одбележи во понедeлник, 23 декември. На настанот предвидено е обраќање на преставник на Општина Охрид, а историски осврт кон ликот и делото на Петар Чаулев ќе одржи професорот по историја, Михаил Патчев.

Настанот ќе се одржи во Спомен куќата на Христо Узунов со почеток во 15:00 часот.

Чаулев бил учесник во Илинденското востание како раководител на Охридскиот револуционерен комитет. Бил потписник на Мајскиот манифест во 1924 година, со кој се бара Македонија да биде независна политичка единица во рамките на поширока Балканска федерација. Бил учесник во Балканските војни и  Тиквешкото востание, а раководел и со Охридско –Дебарското востание во 1913 година.

Петар Чаулев е роден во Охрид на 18 декември 1881 година, а убиен е во Милано на 23 декември 1924 година од страна на врховистички платеник.

OhridNews