Британката Вини Хадсон(102) се спрема да истрча доброволна трка од 5 километри со 100-годишната пријателка. Стариците дури наговориле десет вработени во домот за стари лица да им се придружат во трката. Собраните пари ќе бидат донирани за истражување на ракот.
100-годишната Маргарет вели дека кога може Вини може и таа. Просекот на екипата од домот за стари лица “Милингс“ изнесува 87 години.