Сстогодишната бразилка Аида Мендес за Божик да скокне со падобран и да влезе во Гинисовата книга на рекорди, како најстара падобранка на светот. Аида од својот внук побарала за подарок за Божик да и организира скок со падобран. Откако добила зелено светло од лекарот и своите најблиски, бабата ќе скокне од авион кој ќе лета три до четири илјади метри над нејзиниот град.


Како млада многу се занимавала со спорт, и за себе вели дека е стогодишна жена, но во тело на 50-годишна. Стоттиот роденден го прославила минатиот месец.