На 31.10.2009 година В.Р.(1956) од с.Велешта-Струга, пријавил дека вo месноста викана „Кула“ од страна на непознат сторител му била извршена тешка кражба при што од штала му биле одземени четириесет и една овца и пет јагниња,. Вкупната материјална штета се проценува на околу 240.000 денари, информираат од полицијата.

Тешката кражба е извршена на тој начин што сторителот со погоден предмет направил отвор, ги одзел овците и го напуштил лице местото. ПС-Струга презема мерки за пронаоѓање на сторителот, соопшти МВР.

Ohridnews