Сто пациенти сеуште се лекуваат од вкупно 193 повредени во несреќата во Кочани, а од нив тројца се во критична состојба, информираше министерот за здравство Арбен Тарвари.
Дваесет пациенти се лекуваат во Македонија. Од нив 5 на Клинички центар, во старата Градска болница 7, во „8-ми Септември“ 5 пациенти, и во приватниците болници 3. Надвор од државата се лекуваат 80 пациенти и денес се враќаат уште двајца пациенти од Полска и Белгија. Најави имаме за враќање на повеќе пациенти неделава. Оваа недела се очекува враќање на полесните пациенти, тие кое се рехабилитирани комплетно, вели Таравари.
За потешките пациенти на кои ќе им биде потребна рехабилитација, истакна дека има неколку опции „8-ми Септември“ во Ковид центарот, Центарот за рехабилитација во Козле, но има и понуди за подолгорочна рехабилитација надвор од држвата без трошоци од државата.
Бројката на покритични пациенти се намалува, но кај некои пациенти има флуктоација во нивната состојба, додаде Таравари.
Н.С.Ј.