Честа на македонската атлетика на Светското првенство во сала кое овој викенд ќе се одржи во Белград, ќе ја брани Јован Стојоски во трката на 400 метри.

Стојоски кој ги брани боите на АК Охрид, оваа година го подобри личниот и државниот рекорд, истрчувајќи 400 метри во време од 47.18 секунди, што беше најблиску до потребната норма за настап на завршниот турнир.

Стојоски ќе настапи во квалификациите на 400 м на 18 март, во 11.00 часот, во конкуренција на 29 атлетичари во оваа дисциплина.

На СП во Белград, од 18 до 20 март, пријавени за настап се вкупно 680 атлетичари од 137 држави, што е импозантна бројка во услови на пандемија на коронавирусот.

OhridNews