Атлетичарот Јован Стојоски член на АК Охрид ќе учествува на Балканското првенство за Сениори во сала кое ќе се одржи на 5ти март 2022г. во Истанбул, во дисциплината 400м со личен резултат и рекорд на Македонија 47,18сек.

Покрај Стојоски наши претставници ќе бидат и Дарио Ивановски во дисциплината 3000м со личен резултат и рекорд на Македонија 8.01.63сек, и Андреас Трајковски во дисциплината скок во далечина со личен резултат и рекорд на Македонија 7,65см и 60м со личен резултат  6,90сек .

Со оглед на тоа дека сите тројца во овој дел од сезоната значително ги соборија и подобрија националните рекорди во своите дисципли, а и самото учество на бранителот на титулата Балкански шампион Дарио Ивановски кој минатата година донесе златен медал од ова првенство, нескромно очекуваме повеќе медаљи, велат од Атлетската федерација.

На првенството учество ќе земат 22 држави членки на Балканската федерација со преку 350 атлетичари.

OhridNews