Стоте садници јапонски цреши, подарок  од фондацијата на филозофот Даисеку Икеда, кому во 2007 година Охридската академија на хуманизмот во Токио му ја додели светската награда за хуманизам, денеска ќе пристигнат во Охрид.

Донација ќе биде претставена на мала свеченост што ќе се одржи кај споменикот на Светите Кирил и Методиј во градскиот парк, каде денеска ќе бидат засадени неколку садници од ова дрво. Остатокот, по карантинот што ќе се спроведе зимава, ќе бидат засадени на пролет.

Јапонските цреши во земјата на изгрејсонцето се на рамниште на национален симбол, а  Охрид ќе биде еден од ретките градови во Европа кој ќе може да се пофали со авении украсени со ова прекрасно дрво.

Донацијата е вредна околу 20 илјади евра.

Ohridnews