Оваа година тостерот слави 100 години откако Френк Сејлор го патентирал овој производ. Тој го изумил тостерот уште пред да биде измислен лебот пресечен на парчиња. Тостерот веднаш станал хит и првата година во Америка се продале милион примероци, уште пред да биде претставен во Европа. Првобитниот модел бил составен од непокриени жици и корисниците морале сами да го вртат лебот за да се испече од двете страни.
Во 1919 бил развиен подобар модел со тајмер, кој откако ќе се испечел лебот го исфрлал автоматски. Првиот автоматски електричен тостер бил направен 1926 година, но станал популарен дури три години подоцна, кога бил измислен лебот исечен на парчиња.
Модерните изумители поради големата конкуренција измислуваат секакви новитети. Неодамна беше претставен тостер на кој додека се печат лепчињата можат да се испржат јајца на око.