Неодамна во просториите на ЕК АМАК СП – Бофор, Едриличарската федерација на Македонија -ЕФМ под мотото “Светот едри“ ја одбележа 100 годишнинната од формирањето на меѓународната едриличарска федерација ИСАФ.
По тој повод беше промовирана новата поштенска марка.
– Ја промовираме поштенската марка сто години натпревари со едрилици ,која бирото за филателија во македонски пошти од 31 јули по Илинденската регата ја пушти во употреба.По Франција ние сме втората држава во светот со ваква марка –рече преседателот на ЕФМ, Љупчо Поп Стефанија .
Во чест на јубилејот на сите едриличари и едриличарски работници меѓународната федерација им додели сертификати ,признанија за нивното агажирање во едриличарскиот спорт .
М. Постоловски