Деновиве од печат излезе најновата книга од охридскиот писател и публицист Мишо Јузмески со наслов „Сто години копнеж“, во издание на НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид. Уредник на книгата е м-р Лидија Размоска.
„Сто години копнеж“ е збирка раскази кои се настанати во различно време во текот на подолг временски период: некои се објавувани во Македонија и странство, но меѓу нив има и раскази кои сега се издаваат за прв пат.
Јузмески се јавува и како автор на фотографијата на корицата, а воедно се погрижил и за целосното графичко уредување на книгата.
OhridNews