СДСМ е партија која постојано се менува, унапредува и модернизира, но едно нешто никогаш не се менува, а тоа е системската грижа за своите граѓани и постојаната обострана комуникација со нив, истакна претседателот на ОО СДСМ Дебрца- Благојче Стојчески.

Зборувам од името на сите нас кога велам дека кандидатот за Градоначалник за Дебрца од редовите на СДСМ-Игор Крцоски, Манце е симбол на социјалдемократските вредности. Работлив, праведен, отворен за соработка, другар, домаќин, човек од акција со еднаков пристап кон сите, вели Стојчески.

Тој додаде дека како прв човек на општинската организација во Дебрца, долгогодишен соработник и партиски другар со кандидатот за Градоначалник, но и сите кандидати за членови на Советот, одговорно тврди, дека ветувањата кои стојат зад бројот 12 нема да останат само дел од изборна програма, туку ќе се реализираат, во соработка со Вас граѓаните.

Соработката ќе биде непосредна, директна без никакви бариери. Ќе се работи на создавање систем кој ќе овозможи дигитална брза комуникација за пријава на Вашите иницијативи и размена на информации, додаде Стојчески.

 

OhridNews