Осумнаесетгодишниот Кристијан Стојаноски од Скопје во машка, односно Ивана Неделковска (2006), исто така од Скопје, во женска конкуренција на натпреварувачи постари од 17 години, се победници на малиот пливачки маратон – „Илинденски Куп“, што по 43 пат се одржа денеска на Охридското Езеро.
Стојаноски патеката долга 2,5 километри од Горица до Охрид ја преплива за 31.38.74 минути.
Втор на целта во машка конкуренција пристигна Урош Трпоски (2005) од Струга со време 36.16.19 мин., а трет беше Предраг Мургоски (2003) од клубот Аква спирит од Охрид со време 43.25.90 минути.
Најдобрата во женска конкуренција 17+, Ивана Неделковска од ПК Скопје, трката ја заврши со време 34.34.25 мин.
Втора беше Јована Неделковска од ПК Скопје со време 35.14.24 мин, а третото место го освои Ангела Смилевска од ПК Орион Скопје со време 43.29.49.
Во конкуренцијата до 16 години, најбрз во машката трка беше Никола Велковски (2010) од ПК Вардар Скопје со време 36.52.16 мин. Втор пристигна Стефан Тодоров (2007) од ПК Вардар Скопје со време 37.02.12 мин, а трет беше Сергеј Малјановски Арнаудовски (2009) од ПК Октопод Склопје со време 37.06.13.
Во истата конкуренција кај девојките до 16 години, најбрза беше Сара Јанковиќ (2008) од ПК Скопје со време 33.08.16, пред Нада Миленковска (2010- ПК Младост Скопје со врме 37.10.11 мин и Росана Гошева (2007- од ПК Скопје која заврши трета со време 37.23.10 мин.
На малиот маратон кој и оваа година успешно го организира ПК „Охридски бранови“ од Охрид под покровителство на Општина Охрид, беа пријавени 44 пливачи, 29 во машка и 15 во женска конкуренција.
Г.М.