Охридските тенисерки Ана Стојановска и Ива Кецкарова продолжија со трендот добри резултати на Државните првенства. Дуото од Охрид се закити со сребрен медал на турнирот до 14 односно до 12 години.
Стојановска пораз во финалниот натпревар на турнирот до 14 години претрпе од Катја Ивановска додека Кецкарова изгуби во финалето на турнирот до 12 години. Мина Петреска и Матеа Билбилоска на турнирот до 14 години завршија во топ 8.
Кај машките до 14 години Павел Стевковски победи во првата рунда, а во втората пораз претрпе од победникот на турнирот во Охрид во два тај-брејк сетови.
Следен предизвик за охридските тенисер ќе биде турнирот Tennis Europe на кој ќе учествуваат неколку тенисери од странство.
OhridNews