Тренерот на Металург, Раде Стојановиќ имаше пофални зборови за охридскиот клуб и организацијата на завршниот турнир во Младинската конкуренција. Металург после голема драма го совлада Охрид 31-30 и ја одбрани титулата.

  • Организациски гледано Охрид треба да ни биде пример на сите. Ова што го доживеавме и поминавме во Охрид верувам дека никој нема да го заборави. Двете полуфиналиња, мечот за трето место и финалето беа маестрални ракометни престави. Да им честитам на моите ракометари за успехот и за карактерот, бидејќи секој го гледаше мечот знаевме низ што поминав во финишот. Останавме со три играчи во поле, а никој не ја загуби главата иако предноста ја загубивме. Дојдовме со цел да победиме и да ја одбраниме титулата и успеавме. – изјави Стојановиќ.

OhridNews

(Обновено)Ф4: Драма во „Билјанини Извори“, тесен триумф на Металург над Охрид