Сениорски тренер на ГКК Охрид Тони Стојаноски, е новиот прв помошник тренер на младинската репрезентација на Македонија до 16 години.

Претстојното Европско првенство ќе се одигра ова лето во Скопје каде нашата репрезентација ќе биде домаќин на ова првенство.

Честитки тренер Тони ,ти посакуваме многу успех и добра работа во националната униформа, стои во објавата на ГКК Охрид.