Кристен Стјуарт и Роберт Патисон после нејзината афера со Руперт Сандерс, режисерот на филмот „Снежана и ловецот“, се обиделе да ги надминат несогласувањата и да минат преку неверството. Дека во тоа успеале, доказ е нивната посета на еден ресторан изминатиот викенд. Роберт ја одвел Кристен на романтична вечера во еден елитен ресторан надвор од Лос Анџелес, а очевидци изјавиле дека биле многу блиски и во ресторанот минале повеќе од четири часа.
После извесно време на парот им се придружила група пријатели, кои со нив испиле неколку пијалоци и притоа добро се забавувале. Ова е само уште една потврда во низата дека парот навистина ќе се појави заедно на премиерата на последниот дел од „Twilight Saga“ на 16 ноември.