Освен што мораат да им обезбедат удобен лет на патниците, стјуардесите во индиските авио компании добиле уште една необична задача. За време на летот стјуардесите мораат повремено да разговараат со пилотите, како би ги држеле будни.
Оваа необична одлука ја донела агенцијата за контрола на индиската цивилна авијација, имајќи го во предвид преоптоварениот распоред на летови, поради кои често се случува пилотите на домашните линии да не одговараат и по 30 минути на повиците од контролните кули.
Од стјуардесите се бара на секој половина час да започнат разговор со пилотите преку интерфон.