Музичарот Стиви Вондер најавил дека следната година ќе објави два албуми, како и дека работи на трет. Вондер рекол дека негови први албуми по пауза од осум години ќе бидат “When the World Began” во соработка со продуцентот Дејвид Фостер и “Ten Billion Hearts”.
Пејачот, кој се разведе минатата година, рекол дека новата музика била инспирирана од неговите деца, промената, растот и скршеното срце. Тој додал и дека користел хип хоп елементи како би пренел политички пораки. Рекол дека слушал доста рап кој го инспирирал да го искористи на друг начин, односно да пренесе порака.