Илјадници обожаватели го проследиле со аплаузи музичарот Стиви Вондер кој одржал концерт на отворено пред полуфиналето на најгледаниот спортски спектакл во САД, „Суперболот“, во близина на хотелот “Wyndham Riverfront” во Њу Орлеанс.

Стиви извел неколку од своите најголеми хитови вклучувајќи ја и нумерата со која го отворил настапот “How Sweet It Is (To Be Loved By You)”. Оваа година на спектаклот ќе настапи Бијонсе, а минтата таа чест ја имала Мадона.