Иако има 64 години, Стиви Вондер повторно ќе стане татко. Неговата 40-годишна партнерка Томика Роберт Брејси повторно е бремена и носи тројка. Парот веќе има едно дете, а на познатиот музичар тоа ќе му бидат деветто, десетто и единаесетто дете.

Иако не планирал да има толку деца, Стиви среќата ја црпи токму од нив. Најстарото дете има 39 години, а најмладото една година. Според зборовите на извор на близок до музичарот, Стиви се труди на своите деца да им надокнади што не бил постојано покрај нив.