Легендите на Ливерпул и Манчестер Јунајтед, Стивен Џерард односно Дејвид Бекам, се последни членови од првиот круг во Куќата на славните во Премиер лигата.

Џерард и Бекам им се придружија на Алан Ширер, Тиери Анри, Ерик Кантона, Рој Кин, Френк Лампард и Денис Беркамп, кои претходно беа промовирани.

Џерард во дресот на Ливерпул остави долготраен белег во англиската Премиер лига додека Бекам беше дел од култната генерација на „црвените ѓаволи“ која успеа да освои тројната круна во европскиот фудбал.

На крајот од 2021 година ќе бидат промовирани новите членови во Куќата на славните. Во гласањето учествуваат навивачите и жири комисија, формирана специјално за вреднување на резултатите и успехот на играчите.

OhridNews