Фронтменот на познатата група Аеросмит, Стивен Тајлер, признал дека потрошил повеќе од 20 милиони долари на дрога. На промоцијата на својата автобиографија, Тајлер открил дека доколку не започнел да оди на лекување, дрогата би го убила.


Признал дека на сцената користел дрога и виски „Џек Даниелс“. Сеќавајќи се на моментите кога сфатил дека пропаѓа, раскажал дека синот го погледнал и му рекол дека премногу бил издрогиран минатата ноќ, по што тој отишол на одвикнување.