Фронтменот на бендот Аеросмит Стивен Тајлер рекол дека оваа есен ќе мора да оди на операција на коленото, како и дека следната година почнува со работа на соло албум. Тој објаснил дека неговото колено откажувало и дека во ноември имал операција за замена на колената. Додал дека ќе му требаат три до четири месеци додела закрепне.
Истакнал дека имал многу операции на колената и стопалата, така да било вистинско чудо што воопшто можел да стои. Рекол дека нема намера да се повлече од музиката и дека следната година почнува со работа на соло албум. На крајот истакнал дека додека може да пее ќе биде присутен на музичката сцена.